Колку пати сте се запрашале дали актерите навистина имаат секс во филмот или тоа е само добра глума?
Во поново време, кога станува збор за порнографски филмови, актерите симулираат секс сцени за што се добро платени. Сепак, постојат случаи кога тие се препуштиле на страстите и не глумеле пред камерите.
Ова се филмовите во кои сексот е вистинки:
In the Real od the Senses (1976)
Овој филм е направен според вистинска приказна. Јапонката Сада Абе го угушува својот љубовник, му го отсекува пенисот и го става во торба. Секако, единствено нешто што не е симулирано во филмот е сексот.
Romance (1999)
Филмот е снимен во режија на Чатерин Бреилат која ја истражувала сексуалноста. Приказната следи млада девојка во потрага по сексуално задоволство.
Baise-moi (2000)
Овој трилер за силувањето и одмаздата е полн со вистински секс, за разлика од сцените со насилство, кои се одглумени.
O Fantasma (2000)
Овој португалски филм го следи Серџо, кој лутајќи по улиците на Лисабон станува опседнат со арогантни момчиња. Филмот содржи експлицитни сцени на хомосексуални односи.
Intimacy (2001)
Двајца странци се сретнуваат еднаш неделно, заради секс и полека развиваат емотивна поврзаност. Сите сцени на секс во филмот се вистински.
A Real Young Girl (1976)
Овој контроверзен филм се бави со сексуалните авантури на 14 годишната Алиса. Сите експлицитни сцени се снимени со полнолетни актери, но без оглед на тоа, тематиката на филмот не беше добро прифатена.
Cruising (1980)
Овој филм со Ал Пачино предизвика многу протести и беше оценет како хомофобичен, поради приказната во која еден сериски убиец таргетира хомосексуалци. Сепак во него има сцени на вистински секс.
The Idiots (1998)
Во овој филм на Ларс Фон Триер има се од голотија до оргии. Иако во поголемиот дел од сцените, сексот е одглумен, во некои е вистински однос меѓу актерите.