Во разговор со колегите и споменување на зборот „Караконџула“, дојдовме до заклучок дека овој збор имаме обичај да го употребуваме, но малкумина го знаат неговото вистинско значење.После мини истражување на интернет, ви ги споделуваме нашите сознанија 😀 .
Kараконџула е назив за ноќен демон, според народното верување во Македонија, Србија и Бугарија.
Караконџулите се исклучително женски демони со лик на старица, со големи нокти и железни заби, а честопати носат и рогови.
Тие се појавуваат на некрстени денови и тогаш навечер го јаваат човекот по село или низ река и страшно го измачуваат физички. Понекогаш им го гребат лицето со ноктите или и дават во вода.
Верувањето во караконџулите, наводно, овие народи ги попримиле од денешните Грци. Кај нив тие демони се мажи καλικάντσαροι,ноќни суштества, не се безусловно лоши, а доаѓаат меѓу луѓето во божиќната сезона и на некрстените денови принесуваат жртви во колачиња.
Извесен божиќен колач, во близина на Гевгелија е наречен Караконџул.