Витамини и минерали: Како да знаете дека ви недостигаат?

Кај оние што не конзумираат доволно овошје и зеленчук, често се воочува недостаток од хранливи состојки.

Еве како најлесно да препознаете:

Слаби коски

Недостаток на витамините A, C, D и К, како и хром, цинк, магнезиум.

Чести грчеви

Многу луѓе се жалат на грчеви во стапалата и листовите. Во тие случаи, многу често станува збор за недостаток на магнезиум, калциум и калиум, кои влијаат на развојот на работата на мускулите.

Оштетена и кршлива коса

Освен што за овие проблеми со косата можат да бидат заслужни временските услови, може да станува збор и за недостаток на витамините   B5, B6, B12, биотин или хлор.

Слаб имунитет

Силниот имунитет е важен за целовкупното здравје, бидејќи им помага на организмите да се изборат против инфекциите и лесно да оздрават. Кога е ослабен имунолошкиот систем, често доаѓа до појава на болести. Слабиот имунитет може да се појави како недостаток на витамините A, C, D, E, како и хром, селен, магнезиум и цинк.

Прочитајте и:  Оваа секојдневна навика може да го намали ризикот од деменција за 12 проценти

Кожни проблеми

Акни, флеки, брчки… како и други кожни проблеми кои можат да создадатнепријатност, можат да настанат како резултат на недостаток на витамините A, B3, B8, C, E, биотин, омега 3 масна киселина, бакар, селен или цинк.

Проблеми со варење

Лошото варње можат да го предизвикаат бројни проблеми, но често клучот лежи во недостатокот на витамините  B12, C, D, E, K, B11, магнезиум или цинк.

- Реклама -