Време е да посветиме една статија и на домаќинството, поконкретно на еден секојдневен проблем – затнатиот одвод на мијалникот, кадата, туш кабината, WC шолјата…
Луѓето кои постојано се среќаваат со овој проблем користат хемиски средства, не знаејќи дека постои еден поедноставен и супер начин.
За таа цел, ви предлагаме да се пробате себе во улога на водоинсталатер, а потребни ќе ви бидат само обична сода бикарбона и лимонтус.
Сода бикарбоната и лимонтусот се одлична природна комбинација која спасила илјадници мијалници.
Пред да го започнете процесот на одзатнување на одводот, ослободете се од вишокот вода. Потоа, налејте во „запушениот“ одвод половина чаша лимонтус и иста количина сода бикарбона.
Со слаб млаз сипете топла вода, отприлика една чаша.
Ќе ја видите хемиската реакција меѓу содата и лимонската киселина во вид на пенење.
Оваа мешавина ќе ги раствори ситните парчиња од храна, маснотија, коса, ќе ја исчисти нечистотијата и бактериите, што ќе спречи ширење на непријатни миризби. После десет минути пуштете врела вода да го измие одводот. Доколку не сте успеале со првиот обид, повторете ја постапката уште еднаш.
Како што ќе можете да видите, нема голема филозофија околу чистењето, но она што е важно е дека понекогаш морате да се вооружате со трпеливост бидејќи оваа постапка морате да ја повторите еднаш или два пати, ако е вашиот одвод силно затнат.