Ова мало неверојатно село е направено покрај природното пустинско езеро во регионот Ика во Перу. Хуакачина претставува мошне популарна атракција меѓу туристите, кои главно доаѓаат тука заради сурфањето на песок и истражување на прекрасните пејсажи возејќи пустински „баги“.
Во почетокот на 20-от век, оазата беше популарно одморалиште само за богатите од Лима. Денес, е прекрасна дестинација достапна за речиси сите авантуристи. Место кое задолжително мора да го посетите доколку некогаш имате прилика да го посетите Перу.