Креаторот на инстант пораки- сервиот WhatsApp сега може слободно да се нарече милијардер, но неговото ново богатство е далеку од неговите скромни почетци како тинејџер имигрант работејќи на купони за храна.
Јан Коум, 37, е ко-основачот на WhatsApp во 2009 година, и пет години подоцна, по потпишувањето на договорот од 19 милијарди долари со Facebook сега се проценува дека е во вредност од 6,8 милијардни долари.
Коум, кој е стар пријател на извршниот директор на Facebook Марк Зукенберг, бил само 16 години кога се преселил во САД од Украина.
Тој израснал во рурална заедница, во куќа без топла вода или електрична енергија, и кога неговото семејтво се преселило во странство, неговата мајка ги спакувала нивните куфери со училишен прибор за да заштеди пари.
Како млад имигрант, Коум и неговата мајка морале да се потрпрат на купони за храна, а како оддавање почит кон неговата мајка и неговото скромно минато, тој одбра да го потпише договорот со Facebook во истата канцеларија во Mountain View каде порано чекал ред за купоните за храна.
WhatsApp сервисот за инстант пораки со 450 милиони активни корисници, Коум го создал со Брајан Актон во 2009 година, а неговите скромни почетоци се чини дека го научиле на силна работна етика и антипатија кон егоизмот- WhatsApp можеби е глобален феномен, но од тоа нема знаци во канцелариите.
Коум и Актон го создале WhatsApp во кафулиња и во нивните домови. Им биле потребни само неколку години за апликацијата да ја доведат до вредност од неколку милијарди долари. Facebook платил 12 милијарди долари во акции и 4 милијарди долари во готовина, а за основачите и вработените на WhatsApp ќе им бидат доделени 3 милијарди долари во ограничени акции.
Извршниот директор Марк Зукенберг го објави купувањето и договорот на неговата Facebook страна, признавајќи го своето долгогодишно пријателство со Коум.
„Го знам Јан долго време, и знам дека и двајцата ја делиме визијата за правејќи го светот поотворен и поврзан“, изјавил Марк.