Покрај другите необични работи околу овој мекотелец она од што најмногу ќе бидете изненадени е неговиот изглед.
Покрај другите необични работи околу овој мекотелец она од што најмногу ќе бидете изненадени е како изгледа еден [[Geoduck]].
Живее на бреговите на Пацификот во САД и Канада. Биолозите го класифицираат како вид на морска школка, мекотелец со два капаци и долг „врат“ или „сифон“. Колку долг? Па повеќе и од два метри во должина.
Нивното име доаѓа од староседелскиот „gweduc“ што значи „копа длабоко“. Телото на возрасниот Geoduck останува закопано на едно место во длабочина од еден метар за време на целиот негов живот каде што не може да ги пронајде ниеден предатор, па така тие живеат многу долго – и до 160 години со што се втори најдолговечни организми на
земјата-после гигантските желки кои можат достигнат возраст до 200 години.
Нивниот сифон се цени како деликатес во Азија каде оброк од Geoduck чини 200-300$, а за кој се верува дека ја зголемува машката потенција.