Чудни опасности што го демнат пенисот

Човечкото тело е ранливо, па колку и да не сакате да помислите на тоа, таков е и пенисот. И не само тоа – помеѓу потенцијалните опасности се кријат и неколку бизарни повреди. Еве неколку од нив:

 

Инвагинација

Ова е термин што медицинските лица го користат за да ја опишат превртеноста на пенисот во вид на чорапа – ситуација кога поради удар, пенисот е „втурнат во телото“ и останува заробен во пределот помеѓу карлицата и половиот орган. Повредата, уште наречена и „заробен пенис“, е многу ретка и излечива; пенисот може да биде вратен на своето место со рачно вадење или операција.

 

„Саксофон“

Наречен и „овенски рог“. Се случува при затнати лимфни чворови или бактериски инфекции од хламидија. Резултатот е отечен и закривен пенис, при што уринирањето е отежнато, а сексуалниот однос е невозможен.

penis trouble

Збунет пенис

При операција на цревата или рак на простатата, во навистина ретки случаи, се случува да се скине ткивото што го поврзува уринарниот канал со ректумот. Основен показател е истекувањето на урина од задникот, придружено со преоѓање на фецесот во бешиката и мочните канали. Лечењето е тешко и долготрајно, но е возможно.

 

Гризнат пенис

Ако некогаш пливате во Амазон, чувајте се од рибата Кандиру. Таа е привлечена од урина, па ако уринирате во водата, многу веројатно е да ја привлечете. Рибата навлегува во пенисот и мочниот канал, се закачува за артеријата и се храни со вашата крв.

 

Заглавен пенис

Ако при обрежувањето, дел од пенисот е отсечен, тој може да расте и зарасне споен со скротумот. Резултатот е заглавен пенис, околу кој се формира дебел слој од масти. За среќа, поновите истражувања велат дека е можно да се реши проблемот со операција.

- Реклама -