Ако не сте биле на многу места во светот, може со изненадување да одгатнете дека постојат многу нешта за кои останатите земји се разликуваат од нашата. Има обичаи и правила, кои би можеле да ги прекршите без да се почувствувате виновни, па затоа ви го подготвивме овој прирачник.
Египет: Не седете на задното седиште во такси
Во Египет луѓето се доста гостопримливи кога станува збор за туристите, па дури и кога зборуваме за таксистите. Затоа не биде груби и седнете до возачот, инаку тоа може да го сфати како навреда.
Не хранете гулаби во Венеција
Да, слатки се и нормално е да ги храните. Но, тоа всушност е забрането таму и може да ве казнат. Гулабите се забавни птици што кружат на плоштадот, но ги уништуваат историските објекти како ништо друго. Подобро не им станувајте соучесник.
Задоцнете во Венецуела
Златно правило е никогаш да не доцните за што и да се работи. Во Венецуела, сепак тоа не важи и не е прифатено да пристигне порано или навреме. Ако не доцните кратко на средбата, луѓето ќе помислат дека сте алчни или едноставно нетрпеливи.
Не наздравувајте во Унгарија
Ова се смета за многу навредлив гест. Има нешто поврзано со фактот дека додека Унгарија била во конфликт со Австрија, австриските генерали сакале да слават со наздравување Оттогаш, тоа не се прави во Унгарија.
Не ја солете храната во Египет
Ако не сакате да бидете груби, никогаш не додавајте сол.Луѓето ќе помислат дека не ви се допаѓа нивната храна и затоа ја солите.
Никогаш не им се насмевнувајте на непознати во Русија
Ќе изгледате како будали. Или уште полошо, можеби ќе помислат дека им се потсмевате. Ова дефинитивно не се смета за нормално однесување таму. Не е затоа што Русите се лути, едноставно одржите ги насмевките за вашите најблиски.
Не барајте сметка во САД
Во Македонија нема да ја добиете вашата сметка, додека не ја побарате ( или ако седите со часови со една пијачка, па културно ве бркаат). Воглавно сите во Европа плаќаме точно пред да си заминеме. Во САД сепак ви ја служат сметката уште на почетокот.
Не зборувајте за нечии панталони во Велика Британија
Можеби ќе наидете на недоразбирање. Таму зборот pants има малку поинакво значење и ќе помислат дека зборувате за нивните гаќи.
Не снимајте во Казахстан
Ако сте на одмор во Казахстан, не го земајте фотоапаратот со вас. Таму е забрането да се фотографира. Особено на аеродромите.
Никогаш не ја делете сметката во Франција
Грубо е да ја „разделите“ сметка, секој по својот дел. Особено ако сте излегле со бизнис партнер. Го плаќате сето или чекате другиот да плати.
Не одбивајте пијачка во Русија
Никој не знае зошто, но поради некоја причина се смета за неучтиво да одбиете алкохол, кога некој ви нуди во Русија.
Не подарувајте парен број цвеќиња во земјите од поранешниот Советски Сојуз
Освен ако не сте на погреб. Ако подарите на некој парен број цвеќиња, тоа може да ви е последната средба. Од друга страна, тоа пак е убав гест во Јапонија и Норвешка: таму луѓето сметаат дека цвеќињата треба да си имаат половинки, за да не се осамени.
Не одете со пластична кеса во Италија
Таму луѓето изгледаат дотерано, дури и кога пазаруваат храна. Торбата со интересен дезен е соодветен избор.
Не го правете овој знак во Италија
Ниту во Шпанија, Португалија и Бразил. Се смета за груб и навредлив гест, доволен да ве претепаат. Ако не сакате да навредите нечија сопруга, избегнувајте да го покажете. Покрај тоа, изгледа глупаво.