IBM развива футуристички брз интернет

Во блиска иднина (се надеваме), не очекува интернет со брзина од 200 до 400 Gb во секунда. Во моментов, компанијата IBM развива технологија што не само што ќе овозможи вакви брзини на конекцијата, туку и ќе работи со помала потрошувачка на енергија.

Инженерите на IBM развија брз аналогно-дигитален конвертор (ADC), со чија помош ќе биде овозможен пренос на големи количини информација (Big Data) помеѓу клиентот и серверот, четири пати побрза од брзината што ја овозможува денешната технологија. Со ваквите брзини, дури и филмовите со 4K резолуција ќе можат да се симнуваат за само неколку секунди.

IBM-company[1]

Прототипот беше претставен на ISSCC (International Solid-State Circuits Conference) конференцијата во Сан Франциско.

- Реклама -