Ви ја претставиме Lover’s Deep – подморницата специјализирана за секси ноќи со избраникот/чката. Чекавме да помине Денот на вљубените бидејќи сме солидарни со сите оние чиј партнер можеби ќе го побараше ова за подарок. Сега кога е безбедно, имате цела година да соберете 390.000 долари, бидејќи толку чини една вечер во луксузната подморница.
Британската компанија Oliver’s Travels ќе ве „собере“ од еден од Карипските Острови, по ваша желба. На бродот ќе ве придружува приватен готвач, кој ќе ви зготви оброк-афродизијак, а потоа ќе се погрижи да „исчезне“ за да можете вие и вашата драга да уживате во огромната спална.
За разлика од обичните подморници, Lover’s Deep има огромен прозорец, овозможувајќи ви фасцинантни глетки на подводниот свет, во случај неколкуте оргазми да не ви се доволни.
Еве како изгледа кујната (барот) во која ќе биде подготвена вечерата. Во цената е вклучен и батлер, а „бесплатно“ можете да порачате и пречек (на подморницата) со шампањ, но и расфрлани ливчиња од рози на и околу креветот.
А ова се собата за дневен престој и бањата.
Па ете, ова се чини како добра шанса следната година да го кренете перископот, да зароните најдлабоко до сега и да го имате највлажниот Ден на вљубените во животот. Ако се разбираме…
Ах да, компанијата препорачува да ја прескокнете оваа опција ако сте клаустрофобични или се плашите од риби и длабочина.