Овие слики не се за луѓе со слабо срце или пак за оние кои имаат страв од височина.
Оваа впечатлива серија на фотографии го покажува т.н. ‘rooftopper’ Кирил Орешкин и неговите ‘јуначишта’ пријатели кои висат од врвови на згради, кранови и градилишта- стоејќи или висејќи (дури и со една рака) на огромна висина без никава помошни јажиња.
Ова хоби кое стана и најнов тренд на висење на покриви, или ‘лебдење’, бил документиран во последните неколку години, и се чини дека станал прилично популарен во Русија и Украина. Се гледа дека јунаците се качуваат на врвот од објектот за да сликаат уникатни, вртоглави ‘selfie’ фотографии.
Подвизите на овие ‘луди глави’ се доста алармантни. Во едно видео кое го објавил на неговиот личен вег-сајт, еден пријател на Орешкин, Мустанг Вантед прави вежби висејќи стотици метри над земја во Киев.
И покрај сите појави, rooftopper-ите велат дека она што го прават го прават сериозно и претпазливо. Мустанг Вантед напишал на неговата интернет страна:
„Следниве видеа и слики се направени од страна на професионалци. Навистина инсистирам никој да не се обидува да ги имитира или ре-креира било кој трик или дејност на овој сајт. Дури и да сте сосема сигурни дека можете да го направите тоа, вие се ставате во вистинска опасност. Значи, ве молам, не се обидувајте да ги ре-креирате моите акробации. Сериозно!“