Деталите во овој стил ќе го освежат секој простор, бидејќи изобилуваат со силни бои и внесуваат динамика.
Многу популарниот уметнички правец настанал во 60-тите години на минатиот век, обединувајќи едноставни секојдневни предмети од поп културата, нашол свое место и во најмодерните ентериери.
Деталите во стилот на Енди Ворхол го освежуваат секој простор, бидејќи изобилуваат со силни бои и внесуваат динамика. Доволно е стриповите, или потрети од музички икони како Мерлин Монро, Клинт Иствуд или Битлси да ги закачите над креветот во спалната соба, каучот во дневната, па да го доловите духот на овој уметнички правец. Исто можете да примените и во кујната ако елементите ги прекриете со ликот на омилениот актер, а со малку труд и семејсниот портрет кој што има сентиментална вредност можете да го направите во Поп – арт техника и да ги украсите ѕидовите во домот.