Бидејќи акцентот го ставиле на прекрасите балади, Нокаут ќе ги забавуваат своите фанови за денот на вљубените и виното.
Од 365 бевме присутни на денешната прес конференција, на која што тие го најавија својот конверт за утре во Експо центарот, со почеток во 23 часот и 45 минути.
Би се викал те сакам, Илјада причини за крај, Знаеш каде да ме најдеш, Мене ми припаѓаш, Да си тука вечерва, ќе бидат дел од репертоарот на македонската група.
-Нокаут е во многу добра свиречка форма, како што иде времето и како што се гомилат настапите, секое искуство си го носи своето. Јас сум многу среќен што Нокаут е во една убава кохезија, еден добар тим кој функционира, се разбираме добро и има прогрес и во звукот и во настапот и во самата енергија што ја има меѓу членовите. Немаме свирено месец дена и тоа за нас е многу и имаме огромна желба да се свири, барем кај мене, а верувам и кај моите колеги. Можеме да ветиме добра забава, два часа концерт, ќе направиме убава програма за да го обоиме тој „валентајнски момент“, велат тие.
Влезниците по суперпромотивна цена од 200 денари се веќе пуштени во претпродажба, а на највљубените, Експо Центар им овозможува дуплекс карти по цена од 300 денари. Вечерта на самиот концерт на вратата на Експо, влезниците ќе чинат 250 денари.
365 подарува и награда – гратис карти, за нашите читатели. Пишете го вашето име и презиме во коментар.