Дали знаевте дека Џон Траволта ја одбил главната улога во Форест Гамп? Или пак, причината зошто 80 лица биле однесени во болница за време на снимањето на “Титаник”? Сега ќе дознаете.
Неколку актери ја одбија улогата на Форест Гамп, вклучувајќи ги Бил Мареј (Bill Murray), Чеви Чејс (Chevy Chase) и Џон Траволта (John Travolta).
2. На последниот ден од снимањето на „Титаник” (Titanic) некој ставил од дрогата PCP ( позната како кристален џоинт) во храната и 80 луѓе се најдоа во болница.
3 Во Кралот лав , Дизни првично сакале Томи Чонг да биде познатата хиена. Наместо него, сепак ја одбрале Вупи Голдберг
4. Маската на Мајкл Маерс всушност е копија од лицето на Вилијам Шатнер.
5. Машината на времето од „Враќање во иднината” (Back to the Future) првично била ладилник.
6. За време на сцената во која Хари и Хермиона се бакнуваат, од Руперт Гринт било побарано да ја напушти собата, бидејќи му било премногу смешно.
7. Арабинот со мечот од „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег” (Raiders of the Lost Ark) морал да учествува во голема сцена, но наместо тоа бил застрелан, за да се заштеди на време, бидејќи сите фатиле дијареа.
8. Во “Роки 4” (Rocky 4), Ландгрен (Dolph Lundgren) го удрил Сталоне (Sylvester Stallone) толку силно што „ го испратил“ во болница.