Напиток за слабеење од нула каролории и многу енергија

Зајакнете го метаболизмот во само неколку голтки нискокалорична детоксикациска вода.

Овој напиток од јаболки и цимет речиси и да нема калории, а може да ви помогне при слабеењето, а што е најважно да ви даде многу енергија.

Состојки:

2 големи или 3 помали јаболки

2 стапчиња цимет

1 стаклено шише со широко грло

1 литар обична вода

Подготовка

1. Јаболките се мијат, се цедат на тенки парчиња и се ставаат во шишето/

2. Во шишето додадете и два до три стапчиња цимет.

3.Состојките прелејте ги со вода, затворете го шиштето и оставете го фрижидерот да отстои преку ноќ.

4. Од напитокот пијте секој ден.

Во водата можете да исцедите и малку сок од лимон, мандарина или портокал.

Кога ќе го испиете напитокот, состојките повторно прелијте ги со свежа вода и оставете ги да опстојат како првиот пат.

Истите состојки можете да ги искористите дури три пати.

- Реклама -