Вработените во Зоолошкаа во Копенхаген убиле здраво бебе жирафа со пиштол со пригушувач, бидејќи била „вишок на потребите“ и потоа со деловите од телото ги нахраниле лавовите, но пред тоа извршиле одбукција на телото пред толпа деца.
Овој ужасен момент го гледале насобрани мали ученици кои сведочеле како безживотното тело на жирафата е сечено на парчиња пред да го дадат на лавовите да се нахранат.
И покрај над 20 илјади луѓе кои потпишувале онлајн петиција да се спаси 2-годишната жирафа- Мариус, вработените на Зоолошката градина во Копенхаген продолжиле напред и го застрелале животното со болт пиштол.
Децата стоеле на многу мало растојание додека трупот бил сечкан на делови и потоа фрлани на лавовите.
Данската зоолошка градина вели дека е драстичниот потег бил потребен за да се спречи оплодување помеѓу крвни сродници и инсистираше дека изложувањето било едукативно.
Но, поборниците за права на животните синоќа го осуди убиството на Мариус, велејќи дека тоа ја покажало суровата реалност на благосостојбата дури и во една од првите зоолошки во Европа.
Судбината на Мариус предизвика во светот излив од протести, вклучувајќи и понуда да го преместат во Велика Британија, со многу обвинувања дека биле згадени до зоолошката која убива здрави животни.
Зоолошката во Копенхаген соопшти дека им било кажано од Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (EAZA) дека Мариус бил генетски премногу сличен на другите жирафи во нивната програма за парење и размножување. Бидејќи животните во заробеништво се одгледуваат со ограничен генетски фонд, зоолошките градини се задолжени да го следат тоа и да спречат парење во сротство и да го осигура здравјето на идните генерации.
По објавувањето на плановите да го „успијат“ Мариус, зоолошката добила понуди за негов нов дом- вклучувајќи и од Yorkshire Wildlife Park- како и од приватен купувач кој понудил 500,000 евра.
Но шефовите изјавиле дека правилата на EAZA-членството значело дека животните не можат да бидат префрлани во други институции кои не ги следеле правилата на нивната програма за размножување. Научниот доктор на зоолошката, Бенгт Холст изјавил: „Жирафите денес се одгледуваат многу добро, и мора да се осигураме дека ги задржуваме оние со најдобри гени. Најважниот фактор мора да биде животните да се здрави физички и во однесувањето, и дека имаат добар живот додека се живи, безоглед дали нивниот живот ќе биде краток или долг.“
Според данските медиуми, зоолошката во Копенхаген убива 20 до 30 животни годишно, вклучувајќи мечки, тигри и зебри.
Доколку ве интересира за суровоста на данците можете да видите ТУКА.