Уште детали за паметниот часовник на Google

Тоа дека Google се подготвува да пушти на пазарот свој “паметен” часовник одамна веќе не е тајна, а Smart Watch уредите од овој тип, стануваат се попопуларни и го прават овој чекор целосно логично. Компании како Samsung и Sony веќе ги направија своите модели, а HTC, Microsoft и Apple како и десетици други нема да се заостануваат многу назад зад другите. Од друга страна за уредот на Google не се знае многу. Деновиве сепак на интернет се појавија информации сврзани со овој мистериозен уред, кои повеќе или помалку звучат веродостојно.

Google smart watch

Меѓу новите податоци е наведен и наводниот рок за премиерата на Google часовникот. Wall Street Journal на пример тврди дека Google веќе се договорил со своите азиските дистрибутори на хардвер и производството на паметниот часовник ќе започне во наредните неколку месеци. Ова дава основа да се верува дека премиерата на овој уред може да се одржи во втората половина на оваа година. Во овој временски период се очекува да биде промовирн и паметниот часовник на Аpple – iWatch за кој досега исто има само неофицијални гласини.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

iWatch

Во поддршка на овие претпоставки доаѓа фактот дека Google веќе има патент, кој може да се користи за производство на Smart Watch уред. Тој е добиен во мај 2013 година и во него се опишува елемент кој претставува часовник со дисплеј и две сензорни површини, лоцирани над и под екранот. Се претпоставува дека овие сензорни секции ќе се користат за управување на електронскиот уред, кој најверојатно ќе комуницира не само со Android телефоните, но и со паметните очила Google Glass.

Google

Според гласините името на овој уреди ќе биде Google Gem. Тој ќе работи со оперативниот систем Android и ќе поседува функционалност, аналогна на веќе ставените на пазарот предлози од овој тип: проверка на имејл, пристап до прогнози за времето, управување и репродукција на дојдовни повици и сл.

Засега не е јасно како точно Google ќе го реши проблемот со потрошувачката, па да се обезбеди доволно долго време за автономна работа на часовникот. Нема информации и кој точно ќе го произведува Smart Watch моделот на гигантот.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -