Музика за готвење

intro_kujna_muzika Готвењето не треба да биде здодевно, дури ни кога сте сосема сами во кујната. Оваа листа нуди избор на соодветен кулинарски soundtrack кој ќе ве развесели додека сецкате и мешате. Слободно додајте си ги и вашите омилени песни кои ќе ви прават друштво додека го правите ручекот.


Готвењето не треба да биде здодевно, дури ни кога сте сосема сами во кујната. Оваа листа нуди избор на соодветен кулинарски soundtrack кој ќе ве развесели додека сецкате и мешате. Слободно додајте си ги и вашите омилени песни кои ќе ви прават друштво додека го правите ручекот.

mika_big

Песните на Mika се совршена музичка подлога за вашето експериментирање со десертите, особено кога среќно потскокнувате додека го лижете шлагот од ванглата.

{youtube}pq7lWDIJ7CU{/youtube}

faure_kujna
Замена на стресот од работа со релаксирање по дома, готвење здрава и вкусна храна, уживање во подготвување на т.н. slow food идеално се вклопува со Pavane од Gabriel Fauré. Вкусете го спокојството.

{youtube}mpgyTl8yqbw{/youtube}

nelly_f
Maneater е музика која оди со правење коктели и чекање на веселите другарки да заѕвонат на врата.

{youtube}7cR7W-MU1rA{/youtube}

american_pie_kujna
Незаборавната American Pie на Don Mclean е одлична придружба за долгите часови минати во подготовка на голема гозба за пријателите. За подинамично темпо, слободно искористете ја верзијата на Madonna.

{youtube}eNdEu9s5qUU{/youtube}
{youtube}gkvpuOebd88{/youtube}

net_king_cole_kujna
Веројатно најдобрата музичка придружба кога станува збор за подготвување на романтична вечера за двајца е Let there be love на Nat King Cole.
{youtube}ApbGsQAsWOY{/youtube}

_whitney_gotvenje
Направете си приватна караоке гастрономска забава – слободно пејте со дрвената лажица во рака. Не е страшно ако фалширате, важно е да се забавувате и Saving all my love for you на Whitney Houston да ви помогне да го спремите вашето омилено јадење.
Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

{youtube}I_esJmpDcLM{/youtube}

michael_jackson_gotvenje
Понекогаш на кујната треба да се гледа како на поле за физички натпревар со сопствените можности. Додека се обидувате да го совладате новиот рецепт, можете предвреме да ги согорите калориите забавувајќи се со музиката на Michael Jackson.

{youtube}zUi2UCPe7Yo{/youtube}

dirty_dancing_kujna
Совршено за подготовка на јадења зачинети со лути пиперчиња или пак, десерти преполнети со куп чоколадо е секако легендарната Hungry Eyes.

{youtube}8qiFzgxSObM{/youtube}

dolly_gotvenje
За домаќинска разонода во кујната тука е Dolly Parton и Working 9 Till 5 која ќе го забрза правењето на питата.

 {youtube}qaurTHu-kVg{/youtube}

madonna_gotvi
За побрзо да ви помине времето додека чекате нешто едноставно и здодевно, како варење јајце, пуштете си ја 4 minutes на Madonna и Justin Timberlake и спасете го споствениот ручек.

{youtube}nfUjfioAnKY{/youtube}

Веќе огладневте? Погледнете го фантастичното кулинарско шоу Dinner with the Band каде домаќинот Sam Mason ги пречекува неговите омилени бендови и секако, подготвува одлични рецепти.
- Реклама -