Верувале или не, но еден од најновите модни трендови во Русија е „принт“ со ликот на Владимир Путин. Ваквиот хит не ги заобиколи ниту тетоважите, па така, се повеќе тату мајстори изјавуваат дека наидуваат на необични желби во кои главен украс е ликот или името на претседателот. Оваа мода е до толку многу барана, што дури започнале и да се изготвуваат каталози во кои е вметнат ликот на Путин во разни варијанти.