Стоите во редица со облеката која сакате да ја купите и еве го „зјапа“ во вас- евтиниот накит.
Тоа е стратешки поставено во близина на касата каде знаат дека ќе стоите, чекате и дебатирате дали прстен од 100 денари навистина вреди за тие пари. Не е во прашање штедливоста, туку „дали навистина ви треба уште еден случаен прстен со цвет?“ Да, секогаш треба. А тука ви претставуваме начини како можете евтиниот накит да вреди за вашата „инвестиција“.
1. Закачете го големиот ѓердан во вашата коса како декорација (круна).
2. Набавете сет обетки од повеќе пара и носете ги различно- на едно уво еден вид. Колку поразлично , толку подобро!
3. Купете две евтини, големи алки и носете по една на секоја рака како ВОИН.
4. На парче накит додадете слој од циркони.
5. Купете неколку исти прстени и носете ги на различни прсти.
6. Носете слоевито синџир-ланче наназад.
7. Усогласете го вашиот лак на нокти со прстенот или алката која ја носите.
8. Користете голема алка на закачување како декорација на врзана коса во реп.
9. Купете два поголеми прстени и носете ги двата на секој показалец.
10. Носете сребро и злато заедно.