Светот е мал:Од Австралија на 365.com.mk

birdadnfilipДенес добивме интересна е-пошта во која таткото го препознал својот син
на фотографија во една од нашите статии. Се работи за фотографија
преземена од интернет, а снимена во Австралија од непознат фотограф, на што семејството воопшто не се сеќава.


Денес добивме интересна е-пошта во која таткото го препознал својот син
на фотографија во една од нашите статии. Се работи за фотографија
преземена од интернет, а снимена во Австралија од непознат фотограф, на што семејството воопшто не се сеќава. 

Здраво на сите.  Прво да ви ја пофалам страницата,
навистина е добра секој посетител може да најде статија по свој вкус,
доста сте интересни и едукативни, само продолжете така. Воедно нека ви
се среќни Велигденските празници и да е вечна "365"ка.  Мене што
всушност ме изненади е статијата за “Најопасната птица на светот”,
поточно на една од сликите кои ги прикажавте таму е мојот син Филип ама
не знаеме ниту се сеќаваме кој и каде ја сликал. Би ве замолил да ми го
кажете изворот за да можам да контактирам со фотографот т.е.
оригиналниот извор на сликата поточно статијата. Однапред ви се
заблагодарувам и уште еднаш ви посакувам понатамошни успеси.  Влатко
Јолакоски, Перт, Австралија

Малиот Филип лице в лице со најопасната птица на светот

filip

А еве го и оригиналниот извор на оваа статија. Изгледа дека ова е фотографија поставена на Flickr, но не успеавме да го пронајдеме фотографот.
Среќно пребарувањето и Честит Велигден!

- Реклама -