На денот кога е родена, Хоуп Хуарез била многу бледа. Кога докторите се обиделе да ѝ извадат крв, имало само неколку капки. Констатирале дека девојчето пред пораѓањето изгубила околу 80 проценти од крвта.
– По раѓањето била нереално бледа, целосно бела- вели др. Мариел Нагајен, неанотолог во болницата “Kaiser Permanente”.
Непосредно пред раѓањето, докторите забележале дека нешто не е во ред и одлучиле дека итно мора да направат царски рез, а единствената надеж за да преживее малото бебе била итна трансфузија на крв.
Мајката, Џенифер Хаурез вели, после се, дека нејзината бременост била сосема нормална.
– Бебето во стомакот многу удираше, отприлика десет пати на секој пола час. Но, три недели пред терминот удирањето престана и отидов на доктор- изјавила 27-годишната мајка.
Хоуп преживеала фатално крварење. Еднинствениот евидентиран случај на бебе кое преживеало таква состојба било во 2012 година во Велика Британија. И тогаш мајката приметила дека бебето престанало да удира во стомакот.
Инаку, мала загуба на крв се случува 98 проценти во бременоста.
– Не знаеме што е причината. Некогаш тоа може да биде траума која мајката ја доживеала- вели др. Нагајен.