Документарен филм за Микеланџело

Микеланџело ди Лудовико Бонароти Симони (6 март 1475 година – 18 февруари 1564 година), попознат само како Микеланџело, бил италијански ренесансен вајар, сликар, архитект, поет и инжинер кој имал големо влијание врз развојот на западната уметност. И покрај тоа штo направил неколку „излети“, надвор од уметноста, неговата разновидност во дисциплните со кои се занимавал била толку уникатна, што се смета за еден од моделите на тоа како еден уметник на ренесансата треба да изгледа, заедно со неговиот пријател Леонардо да Винчи.Микеланџело, за време на неговиот живот, се сметал за еден од најголемите уметници, и оттогаш па се до денес останал да биде еден од најталентираните луѓе на сите времиња. Многу од неговите дела, било да се работи за вајарството, сликарството или архитектурата, се едни од најпознатите дела кои некогаш постоеле.

Неговото творештво, во секое поле на уметноста, за време на неговиот долг живот е огромно, вклучувајќи ги тука и дописките, скиците и спомените кои се зачувани како дел од него. Според ова тој е најдокументиран уметник во 16 век. Две од неговите најпознати дела, „Оплакување“ (Pieta) и „Давид“, биле извајани пред Микеланџело да наполни 30 години. И покрај неговото дистанцирње од уметноста и сликањето, тој ги насликал двете највлијателни дела во фрескосликарството во историјата на западната уметност, и тоа сцени од „Создавањето“ на таванот и „Страшниот суд“ на ѕидот над олтарот од Систинската капела во Рим. Како архитект Миекланџело започнал да работи во стилот на маниризмот во Лаврентијската библиотека. На 74 годишна возраст, тој ја добил работата на Антонио ди Сангало, помладиот, како архитект на базиликата Свети Петар, па направил неколку промени во архитектонскиот план. Западниот дел бил завршен според новиот план, а куполата била завршена дури по смртта на Микеланџело, со неколку измени.

Уште една работа која зборува за уникатноста на Микеланџело е фактот кој вели дека тој бил првиот уметник чија биографија била издадена уште додека бил жив. Всушност, две биографии биле издадени за време на неговиот живот. Едната била напишана од Џорџо Васари, истакнувајќи дека Микеланџело претставува врв на сите уметнички достигнувања од почетокот на ренесансата, став кој ја задржал својата важност векови подоцна. Го нарекувале „Il Divino“, што во превод значи божевствен. Еден од неговите квалитети на кој најмногу му се восхитувале неговите современици била неговата “teribilita”, способност на препознавање и умешност кои предизвикуваат стравопочит. Многу од уметниците се обиделе да го имитираат тој негов страсен и специфичен стил, кој подоцна ќе претставува зачеток за Маниризмот, следното главно уметничо движење на западот, по ренесансата.

- Реклама -