Минатата недела имаше многу изненадувања во британксата јавност, кога семејната евиденција покажа дека Дејвид Камерон и ТВ комичарот Ал Мареј се далечни роднини.
Документите од India Office Records, на животот на Европејците кои живеат таму меѓу 1698 и 1947 година, беа објавени на интернет на findmypast.co.uk и докажаа изненадувачки роднински врски. Сега британските медиуми ги „откопаа„ некои од најневеројатните роднински врски. Колкумина од овие би ги претпоставиле?
Кралицата и Џони Деп
Еден од нив е во есента од долгата кариера, со комплициран семеен живот и склоност кон носење на пастели- но доволно збориме за Џони Деп.
Може да се докаже дека Деп, 50, е дваесетто колено роднина на Кралицата Елизабета Втора и двајцата се потомци на Едварт Трети.
Според Ник Барат, генеолог кој на BBC’s Who Do You Think You Are?, докажал врската помеѓу актерот и Кралицата, 87, датира од Едвард Трети, кој починал 1377 година.
Камила и Мадона
Секако Мадона, 55, може да прими совети од нејзината братучетка од деветто колено, Камила Паркер Боулс за грациозното стареење.
Војвотката, 66, и кралицата на поп музиката потекнуваат од француско-канадско семејсво, Маделин Ернард и нејзиниот сопруг столар Зачар Клотер (1617-1708 година). Тие биле едни од највлијателните семејства во Канада. Генетската врска за прв пат била напавена пред неколку години од страна на New England Historic Genealogical Society во Бостон, кое исто така откри дека француско-канадската пејачка е од истото семејство.
Холи Валанс и Бени Хил
Сочниот бренд на хумор на Бени Хил можеби не е по вкусот на секого, но енергичната Ауси Холи Валанс, 30, секој ќе ја сфати сериозно.
Бабата и дедото на Бени, Хенри Хауторн Хил и Софија Самерсби Хил, биле пра-пра баба и дедо на Холи. ТВ-шоуто на Бени Хил се емитувало 36 години, а Холи е горда на својата роднина, велејќи: „Ја делам неговата дрска смисла за хумор.“
Гери Олдман и ‘Големата Мо’
Едната е ѕвезда од сапунска серија, а другиот е еден од најдобрите актери во Холивуд. Но Лејла Морс, позната како „Големата Мо“ од „EastEnders“, е сестра на познатиот актер.
Всушност, Гери Олдман бил тој кој ја предложил за таа улога. Браќата и сестрите на Олдман се родени во Источен Лондон. единствените деца на Катлин и Леонард Бертрам Олдман, морнар кој станал заварувач и ја напуштил фамилијата кога Гери бил само седум години.
Лејла, 68, е 13 години постара од Гери, и се има преселено во Америка во почетокот на деведесеттите.
Барак Обама и Бред Пит
Краците на проширеното семејство на американскиот претседател се навидум бескрајни, достигнувајќи ги Кенија и Ирска.
Посветениот демократ и холивудската ѕвезда Брет Пит ги делат истите гени од десетото колено на пра-пра дедото, Едвин Хикман, Вирџинијанец кој починал во 1769 година. Белата куќа продолжи со поврзување на врските и со партнерката на Пит, Анџелина Џоли, која е по девето колено братучетка со поранешната прва дама Хилари Клинтон.
Кејт Мидлтон и Гај Ричи
Гај Ричи може да се пофали со својата врска со кралското семејтво, багодарение на неговата роднинска врска со Војвотката од Кембриџ. Тој е нејзин шести братучед.
Ричи присуствувал на нивната свадба во 2011 година, но поради неговото пријателтво со принцот Вилијам, отколку поради неговата роднинска врска со Кејт.
Нивното заедничко потекло датира од 18-ти век и двојката Дејвид Мартинеу, хирург, и Сара Медоус, кој биле по шесто колено пра-баби и дедо на Кејт а на Ричи по пето колено.
Џастин Бибер и Селин Дион
Селин Дион е прилично добро позната по своите љубовни песни и прекрасен глас повеќе од една декада. Но, кој би знаел дека таа е и роднина на тинејџеркста ѕвезда Џастин Бибер?
Селин Дион, 45, и Џастин ги делат од девето колено пра-баба и дедо, Жак Вениза и сопругата Мари Боисдон, кои биле од Франција, но починале во Квебек, Канада во 1687 година.