Прегазена мачка, плишано гомно и носени женски гаќички: Со што си играат Јапонците?

Јапонците се познати по својата инвентивност. Нивната креативност нема граници, па понекогаш преминува и во бизарност. Следува мал дел од нивниот репертоар.

Морничави кукли-клонови

1j

Прилично популарно кај јапонските тинејџери, но и оние малку постари од нив, е да си ја клонираат главата и да ја монтираат на тела од кукли. Можеби претпоставивте, тоа не се вистински клонирани глави, туку такви испринтани со 3Д принтери. Резултатот е екстремно реалистична, но и екстремно морничава марионета со вашиот лик.

Можеби постојат луѓе што отсекогаш сакале близнак или просто уживаат по цел ден да си го гледаат ликот? Или можеби сакаат да ја зачувате својата младост во форма на кукла? Што и да е нивната причина, тешко е да се разбере зошто некој би ја платил цената од над 1000 долари за една од овие кукли.

Бог-Исус-Робот

2j

Тешко е да се замисли реченица што ќе ги содржи зборовите „Бог“, „Исус“ и „робот“, но ете, Јапонците замислиле баш таква играчка. Од 1980 година, јапонските деца имаат можност да ги заменат обичните играчки со „најсветиот“ робот што некогаш постоел. И не само тоа; можат и да му поставуваат прашања, а God-Jesus-Robot ги одговара, во меѓувреме замавнувајќи со неговиот „супермеч“ со вграден крст на врвот.

За жал, Робот-Бог не знае да одговори што го мотивирало неговиот автор.

Прегазена мачка

3j

Прегазена мачка со истурени црева, во форма на играчка. Тешко е да се реши што е побизарно, самата играчка или радоста на детското лице сместено на пакувањето.

Tailly, ротирачка опашка

4j

Од иноваторите на „Прегазената мачка“ доаѓа Тејли – ротирачка опашка што реагира на срцевиот пулс на оној што ја носи, користејќи сензори на внатрешноста на конектирачкиот појас. Опашката мрда кога носителот е возбуден и срцето забрзано му чука, а се смирува кога пулсот забавува.

Можеби не е баш корисна, ама е крзнена!

Кукла што плаче (со добра причина)

5j

Оваа мала јапонска кукла лее солзи кога добива инекција, исто како вистинско дете! Прашањето е: Зошто некој би сакал да овековечи едно од потрауматичните детски искуства? Се разбира, децата сакаат реалистични играчки, но во случајов, веројатно би преферирале да заборават на стравот од инекциите.
Од друга страна, што е следно? Играчка што плаче додека реалистично и вадиме крајници?

„The Lucky Poo Fairy“ – плишана играчка

6j

Ако некогаш сте помислиле дека „Забната самовила“ кај Американците е смешна, Јапонците имаат уште подобра, а е наречена… Хмм… „Среќна самовила на каките“?
Ова е всушност лик од најновиот суперпопуларен аниме цртан кај средношколките во западна Јапонија. Наликува на поспан, но пријателски настроен примерок од човечки измет. Во што е штосот? Очигледно е, како и секоја друга самовила, и „Среќната самовила на каките“ носи среќа на оние што помалку ја имаат.
Се прашувате зошто покрај толку попријатни самовили постои и ваква? Добро прашање.

Едвард – Ножицата, за нокти

7j

Сте помислиле ли само колку многу минути од животот сте потрошиле на кратење на ноктите, еден по еден? И покрај поразителниот резултат, постои надеж!
Со овој изум ќе можете да ги скратите сите нокти одеднаш, без ризикот да ве придружува болката од последниот пат кога сте интервенирале малку поблиску до месото од посакуваното. Иако, на прв поглед, дури и болката делува послатка од застрашувачкиот изглед на „5 во 1“ грицкалката.

Се јаде

8j

Конечно, она што му беше најпотребно на светот! Да, има и полошо од „Самовилата на каките“, а доаѓа во форма на измет што се јаде. Едноставно, патогените состојки се отстрануваат, а остатокот се пакува во пластични кесички. Секој коментар е излишен.

Апарат за носени женски гаќички

9j

Ова е познат фетиш кај дел од мажите, но апаратот за носени женски гаќички говори нешто многу посериозно – дека постои голем дел од мажите што  не се во можност да дојдат до контакт со истите, па мораат да си ги купат.

За во уста!

10j

Не, не е тоа што помисливте. Всушност е справа за вежбање на фацијалните мускули околу устата и отстранување на брчките.
Предметот се внесува во устата, а следниот чекор е глумење паника, што доведува до шмукање на цевката од справата и зајакнување на мускулите на и околу устата.
Смеењето за време на вежбата може да биде опасно.

Лажни очи

11j

Овие налепници за очи се нанесуваат на очните капаци, а ќе ви овозможат безбедно да спиете на работното место. Вашиот шеф никогаш нема ни да претпостави дека можеби сте заспале. За волја на вистината, може да претпостави дека сте опасен социопат, судејќи по изгледот на вашите привремени очи.

Перница – женски скут

12j

Ова е еден од најтажните „изуми“ што постојат. Колку ли лошо треба да ви оди во животот за да посакате вакво нешто?
Да не го заборавиме и бизарниот дел, женските скутови се одделени од остатокот на телото. Веројатно рекламата би звучела: „Посакувате ли топлина на женски скут без притоа да морате да разговарате со една од припадничките на понежниот пол? Пробајте ја перницава!“.
Уште поинтересно е што господата во оваа промотивна фотографија носат костуми. Божем некој би се осмелил да изнесе една од овие перници надвор од самотијата и срамот во сопсвената спална соба.

- Реклама -