Глетки од преполниот Хонг Конг

Гледајќи ги овие фотографии можете да ги помешате со предмети изградени од  Лего коцки,  со сложен дизајн или да ги споредите  на куп украси во боја, наредени еден врз друг. Но,  ако погледнете повнимателно, ќе видите дека овие фотографии ги  покажуваат големите  станбени блокови во еден од најгусто населените области во светот – Хонг Конг.

Сликите на фотографот Петар Стјуард покажуваат како живеат локалните – сместени во блоковите во „небото облакодери“, во станови со решетки на малите и тесни тераси.

 

Последните статистички податоци покажуваат дека во Хонг Конг има повеќе облакодери, отколку во кој било друг регион во светот. Високите згради ја задоволуваат  побарувачката на постојано растечката популација на раздвижениот кинески остров, но често се естетски непривлечни.

 

- Реклама -