Ова видео се појави како резултат на карневалот во Аргентина, каде што ја забавувал публиката Доминиканскиот пејач Нолберто. Тој доживеал несреќа откако се фатил за еден од столбовите на металната конструкција на која била поставена сцената. По допирот го удрила струја, а од рацете започнало да му излегува чад.
Во еден момент пејачот паднал од сцената и се онесвестил. Откако се освестил ја протресол главата, се качил на сцената и продолжил да пее.