Кога Tesla ја објави својата намера да го продава својот електричен автомобил Model S во Кина имаше сериозен спор околу името. Сега, компанијата може сосема легитимно да го користи своето оригинално име, по изрекувањето на позитивната пресуда, во корист на Американците, од страна на кинескиот суд.
Имено, името Tesla било регистрирано како заштитен знак во 2006 година од кинескиот бизнисмен Жан Баошенг, уште пред пуштањето на пазарот во САД на првиот модел на Tesla, електричниот родстер. Баошенг дури има мал сајт за Tesla Motors China со слики на хипотетички возила. Па, кога се појавила американската компанија со желба на настап во Кина, понудил да ги продаде правата врз името за повеќе милиони долари.
Потпретседателот на Tesla за Кина, Вероника Ву, соопшти дека компанијата реагирала согласно правните регулативи на земјата и судот го решил случајот во полза на американскиот бренд и донел одлука дека нема потреба да му се плати ништо на Баошенг.
Од сега па натаму изложбените салони на марката ќе го користат оругиналното име име, кое со транскрипција на кинески е Te Si La. Компанијата смета дека Кина ќе биде најголемиот нејзини пазар во иднина, каде што има доволно богати клиенти за моделот кои посакуваат по луксуз, динамичноста и екстравагантност.