Microsoft го откриваат дизајнот на нивните сервери

Microsoft официјално се приклучи кон Open Compute Project – конзорциум формиран од Facebook, чија цел е споделување на дизајнот на серверите и другите видови на опрема кои ги поддржуваат најголемите центри за податоци на интернет.

сервери

Како и многу други технолошки гиганти, Microsoft сами ги дизајнираат своите сервери со цел да си обезбедат помоќна техника од онаа која евентуално би можеле да ја купат од компании како НР и Dell. И додека Google ги чуваат проектите на своите сервери во целосна тајност, пред некое време Facebook ги открија своите, а сега истото одлучија да направат и Microsoft.

За време на конференцијата на Open Compute Project, Microsoft би требало да ги открие трите проекти за сервери создадени со партнерството на HP, Dell и Quanta. Ќе биде интересно да се видат причините и брилијатните идеи кои се кријат во дизајнот на овие машини

Прочитајте и:  „Ноутпад“ и „Пејнт“ добиваат нови ВИ-функции

Кај Facebook, на пример, главниот приоритет е намалување на потрошувачката на електрична енергија – нешто што компанијата го има постигнато, отфрлајќи ги сите непотребни компоненти од еден сервер.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -