Еден од највозрасните учесници на Олимпијадата во Сочи ќе биде Мексиканецот Хубертус фон Хохенлохе кој има 55 години. Освен тоа што е скијач, тој е германски принц. Во себе има и италијанска крв од семејството кое го основало Fiat, но и има издадени албуми со поп музика (под псевдонимот Енди Хималаите).
Добар пријател е со Енди Ворхол, со кој се запознал во Studio 54. Покрај тоа е и професионален фотограф. Иако е од германско семејство, Хубертус е роден во Мексико, а татко му е раководел фабрика на Volkswagen.
Израснал во Шпанија, а дипломирал на колеџ во Австрија, каде што научил да скија. Има државјанство и во Лихтенштајн. На прашањето каква националност е , тој одговара, „латинска”. Многу професионални спортисти не биле на толку олимпијади, колку тој – Сочи му е шеста!
Хубертус го претставува Мексико, иако поминува во таа држава едвај неколку недели годишно. Неговата прва олимпијада била во Сараево 1984 година. Тој дури има скијачки тим во стил маријачи.