Нејзината мајка и баба по мајка починале од рак на дојка кога имале 47 и 36 години.Во нејзината фамилија е забележана цела низа на други смртни случаи од оваа болест, а во семесјтвото има и чести случаи на дијабестис. Според стандардите на западната медицина, Анета Ларкинс имала предиспозиции веќе да го напушти овој свет или да биде тешко болна. Но, таа на 72 години изгледа како како да има 30, а наводно, така и се чувствувала.
Овие денови по пат на својата страна на Фејсбук примила бројни роденденски честитки, а по тој повод споделила и неколку совети.
Во што е нејзината тајна?
Таа се одлучила да се обиде да го одржи здравјето без лекови и хемикалии. Како појдовна точка земала стара изјава на Хипокрит: „Нека храната биде лек и нека лекот биде храна“.
Анета се одлучила на модел на исхрана во која настојува со смеа да ја отфрли од своето мени масовно произведената храна каква што купуваме во нашите супермаркети. Наместо тоа, во својата куќа и околу неа одгледува многу овошје и зеленчук што ги јаде во големи количини, а она што не може да го изеде веднаш , го конзумира подоцна како сок.
Пред две години за неа пишуваа некои од најпопуларните западни медиуми, како ABC или Daily Mail, а од тогаш датира и оваа анегдота, за која говори и сликата – дека кога ќе излезе надвор со својот 16 години помлад маж, сите мислат дека му е ќерка.