Едноставен трик за совршен помфрит

Ви го претставуваме трикот, со чија помош вашиот домашен помфрит ќе ви биде повкусен и од оној во вашиот омилен ресторан.

Сите знаеме дека колку лошо и да влијае на нашата линија, сепак, помфритот е идеален додаток на речиси секое главно јадење, но е и одлична намирница додека се опуштате со добар филм.

За да би имал вкус како оној кој го приготвуваат во рестораните, пред пржењето чувајте ги исечените компирчиња во чинија со многу ладна вода околу десетина минути. Потоа, добро исушете ги со кујнска крпа, за да не би се распрскал зејтинот наоколу кога ќе се додадат во садот.

Испржениот помфрит добро процедете го од зејтинот и убаво посолете го непосредно пред неговото сервирање, за да би останал крцкав што подолго и да не повлече влага.

Прочитајте и:  „Мрачната тајна“ на познатиот помфрит од Мекдоналдс: Кога ќе слушнете во што се пржи ќе разберете зошто има таков вкус
- Реклама -