Колку пати сте имале секс во текот на 2013 година? Ако не водите евиденција, можеби е време да почнете. На општествената мрежа Редит еден маж го подели искуството со другите.
Тој одлучил да ги запишува во календар сексуалните активности кои ги има со својата сопруга. Во обидот да биде што поприроден, го криел својот план додека експериментот не бил готов.
Погледнете ги резултатите:
Биле заедно 14 години, од тоа шест години во брак и добиле две деца;
Во просек имале секс на секој трет ден;
Секс главно имале во недела;
Најдолга низа е четири дена по ред, а најдолг прекин полни 12 дена;
Откако неговата жена ги видела резултатите (119 пати за минатата година) прво што кажала дека годинава овој резултат може да се подобри.
Ако мислите дека не се исплати, размислете уште еднаш и правете календар.