Видео игрите ни ги менуваат соништата

Да замислиме дека сонувате. Се наоѓате во ненаселена вселенска база на Европа и истражувате несреќа, која поради која загинале сите вработени во базата. Додека талкате по ходниците меѓу застрашувачката тишина пристигнувате до еден одреден дел на станицата, каде е темно, мириса на мувла и уште нешто. Биолабораторијата. Тргнувате кон терминалот за да ја отворите вратата, но таа се крши, паѓа назад и пред вас се појавува страшно чудовиште. Во тој момент можете да реагирате на два начина – да се разбудите со викање, или ладнокрвно да го извадите оруќјето и да го убиете животното, по што сонот продолжува.

Ако изберете опција број два, тоа според Џејн Гакенбах најверојатно сте хардкор гејмер. Гакенбах е психолог во канадскиот универзитет Грант Макиан и еден од најнаградуваните експерти што се однесува до влијанието на видео игрите врз човечкиот мозок и посебно врз соновите . Во почетокот на 90-тите  неговиот син си купува Nintendo и почна да игра интензивно. Гакенбах е заинтригиран затоа каков ефект ќе имаат игрите врз психата на младиот Тиј, а потоа двајцата објавуваат книга за игрите. Станува збор за тоа како хардкор гејмерството, или поточно периодични сесии од по над 2 часа на ден, неколку пати во неделата, од трето одделение натаму го трансформираат начинот на кој се создаваат сликите за време на спиењето .

Во последниот труд , објавен во еден од изданија на Журнал Dreaming , Гакенбах и колегите ги потврдуваат своите претпоставки дека хардкор гејмерите имаат многу поголема шанса да преживеат lucid dreming – соништа во кои сонувачот има контрола врз настаните. Гакенбах стига до првите заклучоци уште во 2006 година, откако забележува врска меѓу гејмерите и луѓето, кои имаат живи соништа – и кај двете групи се набљудува зголемен фокус и свест во будна состојба.

Меѓу останатите интересни резултати, кои Гакенбах добила за време на неговото истражување, е и фактот дека гејмерите сонуваат доста чудни соништа. Такви, кои вклучуваат невозможни или помалку веројатни сценарија – патување во вселената, враќање во времето, вонземјани и др. Друг индиректен резултат на видео игрите е дека гејмерите покажуваат добри креативни вештини во реалниот свет.

Се разбира, овие откритија се импресивни и важни, но во голема мера и ограничени. Бидејќи научниците не можат да набљудуваат реални сонови, тие се базираат на расказите на тестираните субјекти. Сепак, врската помеѓу виртуелната реалност во поширок обем и начинот на кој функционира човечкиот ум е една од најинтересните сфери за истражувања во психологијата. Ако неколку часа Dead Space на ден ќе го спаси вашето дете од кошмари, можеби не треба да ја криете конзола или да го терате да си легнува во 21 часот.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -