Решете го овој тест на интелигенција и забавувајте се

Забавната варијанта на тестот на интелигенција ќе ви помогне да дознаете колку сте (не)интелигентни, (не)духовити, не(остроумни) или надарени на забавен начин.Прашањата одговарајте ги без да размислувате предолго и по редослед, а потоа погледнете ги точните одговори и соберете ги своите погрешни одговори.

На крајот, врз основа на резултатите ќе заклучите колку сте над или под просечно интелигентни ( или колку треба да работите на тоа).

Лист, перо и почнувајте 🙂

Прашања:

1. Ако легнеш во 8 часот и го навиеш часовникот да ти ѕвони во 9, колку долго ќе спиеш?

2. Дали во САД постои 25. декември?

3. Ако имаш во кутија само едно чкорче и влегуваш во темна соба во која се наоѓа: петролејка, плинска светилка и шпорет на дрва, што прво ќе запалите?

4. Некои месеци имаат 30, а некои 31 ден, колку месеци во годината имаат 28 дена?

5. Што пишува на парата од три денари?

6. Докторот ти дава три таблети, да пиеш по една на секој половина час. Колку долго ќе ги пиеш таблетите?

7. Сонуваш дека си во мрачен тунел, од една страна доаѓа воз, а од друга змеј. Што ќе направиш?

8. Што било пред 1945. година?

9. Дали е можно човекот кој живее северно од Њујорк, да биде погребан западно од Мисисипи?

10. Дали е можно во САД да се венчавате со сестрата на вашата вдовица?

11. Ако под полна месечина фрлите црвен камен во Црно море, што ќе се случи?

12. Ти си мој син, а јас не сум твојата мајка. Што сум ти јас?

13. Ако на човекот му се отсече десната рака, колку прсти ќе му останат?

14. Се срушил авион на канадско- американската граница. Каде ќе ги погребате преживеаните патници?

15. Колку родендени има мајката на три деца?

16. Јаболката има три гранки, секоја има три гранчиња, секое гранче три плода, секој плод има три семки. Колку крушки има на дрвото?

17. Колку пати во текот на 24 часа (во еден ден) стрелката која ги одбројува минутите поминува низ саатната стрелка?

18. Ако денес на пладне паѓа силен дожд, може ли за 36 часа да не очекува силно сонце?

19. Бел петел снел јајце на граница. Дали би се избегнал меѓународен спор, чие е јајцето?

20. Колку е 10 и 30?

Одговори:

1. 1 час

2. Да

3. Кибритчето

4. Сите

5. Не постои паричка од три денари

6. Еден час

7. Ќе се разбудиш

8. 1944

9. Не

10. Не, со оглед на тоа што жена ти е вдовица, веќе си мртов.

11. Ќе се намокри

12. Татко

13. 15 прсти ( и на нозете)

14. Никаде, преживеаните не се мртви.

15. 1 роденден, својот.

16. на јаболките не растат крушки

17. 22 пати

18. Не бидејќи ќе биде полноќ

19. Петелот не носи јајца

20. Десет и пол. (фората е да погодите дека се мисли на саат)

Резултати

Сега погледнете ги своите резултати. Ако сте имале волкав број на грешки, вие сте:

0 = супер интелигентни, генијалец
1-2 = многу интелигентни
3-4 = прилично интелигентни
5-7 = просечни
8-10 = приглупав
11-14 = тежок за околината
15-17 = 10о посто идиот
18-20 = многу опасен за околината

Напомена: Ова е тест за забава, затоа немојте резултатите да ги сфаќате озбилно 🙂

- Реклама -