Денеска ќе ви претставиме исклучително чудна куќа сместена на островот Џеџу, Јужна Кореја . Иновативниот дизајн на модерните шуплини е дело на фирмата Planning Korea, која се потрудила ентериерот и екстериерот да ги издвои со провокативни елементи, раскршни форми и раздвижени линии. Фасадата на домот е речиси целосно стаклена. Куќата е првата од целиот модерен комплекс, кој се уште се гради. Во иднина е предвидено брегот да има не само станбени згради, туку и кино, болница, казино и центар, а сите тие да ги карактеризира дизајн од иднината .