Кој друг е поврзан на Wi-Fi мрежата што ја користите? Има апликација што ќе ви каже

Сеедно дали се обидувате да ги поправите перформансите на вашата Wi-Fi мрежа, дали се обидувате да видите колку е мрежата преоптоварена или едноставно сте љубопитни, Who Is On MY Wi-Fi го прави токму тоа што е наведено во името.

Штом ќе ја инсталирате, апликацијата ви овозможува да скенирате одреден радиус од IP адреси, но и да ја оставите апликацијата сама да ја скенира целата мрежа и да ги најде конектираните уреди. Who Is On MY Wi-Fi ќе ве снабди со IP адреси, MAC адреси, имиња на направите (ако емитираат), статус на конекциите, но и повеќе.

Најдоброто е што работи без никаква потреба од тоа да имате администраторски пристап до мрежата. Дури и да сте само клиент, ќе биде доволно за да видите кој се е поврзан.

Секако, доколку се работи за ваша приватна домашна мрежа, ова можете да го проверите преку рутерот. Сепак, ако не сте сигурни дека сакате да чепкате по опциите, ако поправате туѓа мрежа, или ве копка кој друг е приклучен, апликацијата може да ви биде од голема корист.

Who Is On MY Wi-Fi е бесплатна, работи на Windows оперативните системи и бара Microsoft.NET framework како поддршка. Можете да ја најдете овде.

Сепак, ако планирате да ја инсталирате на работното место, знајте дека алатката може да го предизвика алармот во IT одделот.

- Реклама -