Младите девојки, кои се радуваат на активен сексуален живот за време на студентските години, се многу повеќе склони кон депресија во подоцнежната фаза од животот, покажа новото истражување.
Жените кои преферираат минливи односи, многу почесто паѓаат во емоционална дупка отколку жените, кои умеат да и се радуваат на долгата и хармонична врска. Според истражувањето, слични кратки авантури се и причина за голем број сексуални насилства и убиства.
Истражувањето е направено со помош на анонимен прашалник што се однесува на сексуалните искуства на испитаниците.
„Мирот што го поседуваат жените во стабилна врска, гради кај нив чувство на сигурност и емоционална поддршка . Токму спротивното се забележува кај жените кои преферираат чисто физички задоволства со различни партнери. Кога ќе останат сами, тие често чувствуваат недостаток на она што се нарекува постојан партнер . Токму заради тоа се и многу повеќе склони кон депресија “, покажуваат резултатите од истражувањето.