Кучето е човековиот најдобар пријател, но некои од најдобрите пријатели се полојални од другите. Таков е Хуачито, екстремно верен пес од Боливија, кој го добил името според најлојалното куче познато на човештвото – Хачико.
Хуачито, исто како во приказната за Хачико, сеуште жали за својот починат сопственик и секојдневно го чека да се врати на авенијата „Папата Павле“, Кочабамба. За жал, тој загинал во трагична сообраќајна несреќа уште пред 5 години.
Локалниот месар вели: „Поминаа 5 години од несреќата. Оттогаш, кучето доаѓа и чека тука секој ден“.
Според локалната приказна, Хуачито редовно го следел својот заштитник додека возел велосипед по авенијата. Еден ден, велосипедистот бил удрен од такси и им подлегнал на повредите на пат кон болницата.
Марта Гарсиа, локална продавачка, додава: „Понекогаш не може да ја задржи разочараноста, па испушта неверојатно тажни звуци. Секогаш кога ќе помине велосипед, лае непрекинато, мислејќи дека е неговиот сопственик. Трча од агол до агол и се враќа на местото каде што загина човекот. Стои таму и завива“.
Во меѓувреме, локалните жители екстремно се приврзаа кон Хуачито. Тие го хранат и се грижат за него, децата го сакаат и си играат, има дури и неколку семејства што сакаат да го посвојат. Сепак, секој обид да се одалечи кучето од аголот е залуден.