Новото BMW Z4 ќе се продава и со амблемот на Toyota

Првиот заеднички модел на BMW и Toyota ќе стане следната генерација на родстерот Z4 тврдат медиуми блиски на двете компании, иако досега се сметаше дека првиот производ од соработката помеѓу Германците и Јапонците ќе биде наследникот на култната Suprа.
„BMW нема да учествува во развој на новата Supra“, тврдат информаторите на медиумите кои ја нудат оваа вест. „Првиот автомобил изработен заедно со Toyota, ќе биде целосно новата Z4“. Според изворот дизајнот на родстерот сеуште не е одобрен, но производителите ќе се придржуваат кон некоја од концептите предложени од Јапонците.

Следната Z4 ќе ја задржи класичната архитектура на мотор напред и заден погон. Инженерите на BMW ќе ја развиваат конструкцијата и каросеријата, кои ќе бидат изработени од карбонски влакна и алуминиум, со помош на искуството стекнато со електричниот i3 и i8 суперхибрид. Toyota ќе одговара за хибридната погонска група, која според прелиминарните податоци ќе вклучува 2,0 литарски бензински мотор, систем за полнење од електричната мрежа и кондензатори наместо традиционалните акумулатори.

Новиот родстер треба да биде готов во 2017 година. Тој ќе се продава како со сино-бел пропелер на предниот капак, така и со брендот на Toyota. Двете возила ќе бидат слични по многу нешта, но ќе изгледаат различно. BMW и Toyota потпишаа договор за соработка за развој на спортски автомобил во јануари 2013 година. Договорот предвидува соработка во областа на безбедносните лансери за горивните ќелии и создавање на нови акумулатори и лесни композитни материјали.

 

 

- Реклама -