Видиќ: Немаме шанси за титулата

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ вели дека тие треба да се фокусираат на борбата за обезбедување на место во Лигата на Шампионите, бидејќи трката за титулата за нив е завршена.
Манчестер Јунајтед загуби на гостувањето кај Челзи и со тоа заминаа сите шанси за одбрана на титулата во Премиер лигата.

Тимот на Дејвид Мојс сега заостанува цели 14 бода зад лидерот Арсенал, а 12 зад третопласираниот Челзи.

„Предалеку сме од врвот, сега треба да се фокусираме на борбата за третата или четвртата позиција” – вели Немања Видиќ кој поради остар старт заработи црвен картон и пред време го заврши натпреварот против Челзи.

„Треба да бидеме позитивни, не одигравме лошо против Челзи. Тие три пати шутнаа и постигнаа три гола, тоа е разликата во натпреварот, бевме казнети за секоја грешка која ја направивме”.

„Нема да биде лесно, треба да се бориме за место кое води во Лигата на Шампионите. Треба да останеме позитивни и да работиме напорно. Со малку среќа се надевам дека ќе можеме да го оствариме тоа”.

Српскиот фудбалер смета дека не заслужил да биде исклучен.

„Според мене престрого бев исклучен бидејќи одев на топката. Тоа не е црвен картон, разочаран сум од одлуката”.

Текстот е обајвен во соработка со 24fudbal

- Реклама -