Професиите кои ќе исчезнат во иднина

 

Голем број вработени се отпуштаат секојдневно поради една едноставна причина – стануваат излишни.

Технологиите напредуваат и се развиваат како од шега. За сметка на тоа невработеноста  се зголемува  а некои професии постојано исчезнуваат. Затоа пожелно е да бидеме внимателни при изборот на професијата во која ја планираме нашата понатамошна кариера.

Еве какви работни места нема да има во иднина:

Воени пилоти – тие нема да бидат потребни, бидејќи ќе бидат заменети со роботски летала кои ќе ја  ограничат загубата на човечки животи.

Call центри  – веројато ни тие нема да постојат , бидејќи продажбата на интернет ќе го завладее секторот.

Музички продавници – ова веќе се случува и тоа „благодарение“ на интернетот.

Туристичките агенции – исто така ќе исчезнат, бидејќи во иднина сами ќе ги организираме патувањата со само едно копче.

Секретарката  – ова ќе биде  вистински луксуз, бидејќи сè ќе се врши од апликации на телефони.

Нема да има и касиери, поштари, вработени во книжарници , бидејќи сите книги ќе бидат  во електронска форма.

Работниците на шалтерите во банките ќе бидат заменети од паметните телефони и електронско банкарство.

Се надеваме дека нема да биде вака.

- Реклама -