Зошто не е добро да се задржува урината

Потребата да се испразни мочниот меур може да се случи и сред важен состанок, или ако сте заглавени во сообраќајот. Без можност за одење во тоалет повеќето луѓе ја задржуваат урината. Но, ако ова ви стане навика, ви се закануваат и несакани ефекти.

Мочниот меур е мускулен орган кој се наоѓа во карлицата, а поддржан е од страна на околните мускули на карлицата. Нервниот систем е одговорен за испраќање на сигналите поради кои станувате свесни за потребата да се испразни мочниот меур. Силната потреба за мокрење обично се чуствува кога мочниот меур е полн 75 проценти. Но, вие и понатаму можете да го контролирате неговото празнење. Всушност, надворешниот сфинктер го затвара мочниот меур и тој е, за разлика на внатрешниот сфинктер, под контрола на вашата волја.

Контролата и губењето контрола над мочниот меур

Задржувањето на мокрачата премногу долго, може да доведе до прекумерно проширување на мочниот меур и губење на контрола врз него. Освен тоа, сфинктерот можеби нема правилно да функционира ако урината често се задржува. Со тек на време дури може и да се случи сфинктерот да не може да се опушти. Заради тоа доаѓа до предолго задржување на урината во меурот и акумулација на бактерии.

Предолгото задржување на урината може да доведе до низа проблеми, влкучувајќи инфекција на уринарниот тракт и болести на бубрезите. Всушност, бактериите кои се развиваат во мокрачата кога предолго оставува во мочниот меур предизвикува различни воспаленија и симптоми, како болно мокрење, непрекината потреба да се испразни меурот, температута, треска и болки во стомакот.

Превенција и решение

Да се задржи доброто задравје на мочниот меур, треба да се празни што почесто. Така ќе избегнете и преголема акумулација на урината. Освен тоа, пред да одите на места на кои е тешко да се дојде до тоалет, најдобро е да не пиете премногу течности.

 

Внимавајте ако…

Ако вашата потреба за празнење на мочниот меур е честа или нееднаква, важно е да се посети лекар за да се отстранат било какви сомневања за можни болести на бубрезите или на мочниот меур. Потребата за честото мокрење може да укажува на инфекција, слабост на мочниот меур или слабост на сфинктерот. Вашиот лекар може да ви препише и лекови или специфични вежби кои ќе го поправат проблемот.

- Реклама -