Ако одите на спиење веднаш по вечерата, ризикот дека ќе доживеете мозочен удар се зголемува за дури 66 проценти! Затоа почекајте барем саат време, па потоа легнете си.
На факултетот за медицина во Ионини, Грција, проучувале 500 личности од кои половина имале доживеано мозочен удар, а другата половина акутен коронарен синдром (чест облик на болести на срцето со намалување на протокот на крв во срцето заради затнати артерии).
Испитаниците биле поделени на две групи. Оние кои почекале 60 до 70 минути по вечерата, па потоа отишле на спиење, и оние кои веднаш отишле во кревет по вечерата. Во втората група луѓе имале 66 проценти поголеми шанси за доживување на мозочен удар. Луѓето кои причекале помеѓу 70 и 120 минути, биле 76 проценти заштитени.
Ризици од други болести
Освен тоа, ако легнете саат време по вечерата, можете да имате и помал ризик од акутен коронарен синдром.
малиот временски интервал помеѓу вечерата и спиењето е поврзан со високиот ризик од гастроезофагеален рефлукс, кој е пак поврзан со апнеја при спиење- фактор на ризик за мозочен удар. Од друга страна, американските експерти имаат поинаков поглед на позадината на овие резултати.
„Кога јадеме, се променува нивото на шеќер во крвта, нивото на холестерол, како и циркулацијата. Сите овие привремени промени можат да влијаат на ризикот од мозочен удар. Додека во оваа студија се вклучени релативно мал број на пациенти, времето кое поминува помеѓу вечерата и спиењето е нешто што мораме и понатаму да го проучиме. За сега запомнете, вашата мајка била во право“, заклучил др. Дејвид Холмс, професор по медицина во Мајо клиниката, кој коментирал за студијата.