Најлудите фантазии на жените во сексот

Речиси и да не постои маж кој не фантазира за секс без ограничувања и правила.Сепак, истото важи и за жените. Иако нам ни се чини дека припадничките на понежниот пол во односот се водат исклучиво низ чувствата, вистината е малку поинаква. Ви откриваме пет најлуди женски мечти на сите времиња.

1. Доминантна дама

Улогата на доминантната жена која го покорува својот маж роб и ги држи сите конци во рацете, е сцена која ги распламнува мажите, но и жените. Врзувањето и контролата може да биде многу забавна, па ако се уште не сте пробале обидете се. Доколку ви се допаѓа, и девете страни ќе бидат среќни.

2. Снимање

Иако голем дел од жените се срамат од самата помисла, има и такви кои ги снимаат интимните моменти, а речиси и не постои жена која не фантазирала за филмска улога на секси заводничка.
Домашните видеа на водење љубов можат да бидат интересни за гледање меѓу партнерите, но и да разбуват чувства за кои што не сте знаеле дека постојат. Доколку имате партнер кој сака вакви експерименти тргнете во акција, но внимавајте видеото да не заврши во погрешни раце.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

3. Секс во тројка

Како што мажите сонуваат за водење љубов со две партнерки, така и за жените сексот со двајца силни и мускулести мажи звучи многу стимулативно. Со оглед на тоа што во фантазиите нема граници, бидете креативни, а единственото што е важно е тоа да остане само во вашата глава.

4. Секс на јавно место

Сексот  на плажа, во авион, автомобил или парк го подигнува адреналинот, па затоа е многу честа фантазија. Доколку вашиот партнер сака да испроба нови, или можеби за него стари нешта, обидете се за почеток да пронајдете некој мирен момент каде можете да го паркирате автомобилот или да седнете на клупа, а останатото и го препуштаме на вашата фантазија.

5. Груб секс

Иако жените влегуваат во сексуален однос водејќи се од емоциите, понекогаш и на нежниот пол му е потребно нешто грубо. Оваа фантазија ја има секоја жена, барем, еднаш во животот посакала.
Меѓутоа, како во се, така и во сексот, постојат граници кои би требало да ги поставите.

- Реклама -