Кој кажа дека „парите не раснат на дрво“?

Велат дека „парите не раснат на дрво“, но, овие подолу ќе ве натераат да се замислите. Се обложуваме дека не сте виделе вакво нешто досега.

Илјадници авантуристи од Велика Британија ги вложиле своите напори за овие стебла денес да изгледаат вака. Познати и под називот: „дрвја на желбите“, или „дрвја на парите“, овие необични растенија секојдневно будат восхит кај минувачите.

Повеќето посетители се придружуваат на традицијата која започнала уште во 1700-та година, и ја заковуваат својата монета замислувајќи си желба.

Шкотите го започнале овој ритуал верувајќи дека на овој начин ќе ги избегнат разните видови болести, а денес, железните пари сведочат за соништата на многу луѓе ширум светот.

Повеќето дрва се лоцирани во близина на Камбрија и Портмерион во Англија, а ефектот кој го предизвикуваат е единствен и прекрасен.

money-trees money-trees2 money-trees3 money-trees4 money-trees5 money-trees6 money-trees7 money-trees8

- Реклама -