Доколку на интернет напишете „најубавата улица во светот“, меѓу првите резултати ќе се појави Руа Гонсало де Краваљо. Оваа прекрасна уличка се наоѓа во Порто Алегре, главниот град на бразилската држава Јужна Рио Гранде.
Она што ја прави толку посебна, не се некои специфични градби или архитектонски дела, туку долгиот дрворед кој се протега од обете страни, кој е висок колку седумкатница, и создава чувство како да се наоѓате во некое шумско место.
Според сведочењата на некои стари жители, овој тунел од дрвја бил посаден од нивните потомци доселени од Германија, во далечната 1930 година.