Во денешната статија ќе ви претставиме еден стан лоциран во главниот град на руската уметност и култура – Санкт Петербург. Живеалиштето е дизајнирано од страна на професионалци од NG-studio Sanremo кои велат дека нивната основна желба била да ги претворат шуплините во луксузен простор , нудејќи место за одмор од бурните секојдневија. Секој кој ќе ги погледне фотографиите на овој симпатичен стан, ќе се согласи дека нивниата желба била крунисана со успех.
Внатрешноста претставува делумна мешавина на стил и екстравагантност во која елементите се обоени во кралско сина и златна боја. Покрај тоа внатрешниот дизајн е светол и топол, карактеризиран со нежна Арт Деко нота, која ги плени сетилата. Преку фотографиите поставени во нашата галерија уверете се!