Како да ги излечите стапалата после носењето на високи потпетици?

Брзо и лесно до опуштање на стапалата и добро чувство во нозете.Тие изгледаат елегантно, секси и со стил, но, за жал на жените кои обожаваат  високи потпетици  не им е лесно откако ќе ги слечат истите од нозете. Високите потпетици предизвикуваат болни и заморени стапала и  плускавци. Воглавно, тие се во огромен број случаи неудобни кога се работи за долги стази.

Сепак, секогаш можеме да се послужиме со трикови кои ќе придонесат полесно и сигурно да чекориме во омилените потпетици.

Пред се, важно е первентивно да се делува: Што значи, најпрво изберете го правиот број, водете сметка за добра подлога, одете со исправен грб, и купете посебни влошки кои ќе ви помогнат за правилен од. Понатаму, кога ќе стигнете дома и ќе ги извадите од вашите нозе погледнете што ќе ве врати набрзо во живот.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

1. Секогаш нанесувајте крема за стапала пред и после носењето на потпетиците.  Кога ќе ги „отстраните“ втријте ја кремата во стапалата, притоа масирајќи неколку минути.

1

2. Потопете ги стапалата во топла вода во која ќе додадете малку обична сол и ќе ги оставите да се „одмараат“ околу половина час.

2

3. Потоа седнете со подигнати нозе барем 15 минути, што ќе спречи отекување на нозете.

4. Ако чувствувате голема болка, прибегнете кон масажа за стапала, која сосема ќе ги острани напнатоста и болката.

tumblr_m3hx0bS0JJ1rpo6xmo1_500

И така, наредниот ден се од почеток 🙂

- Реклама -